Skip to main content

Пред самиот дочек на Нова година, Охрид потона во мрак

Синоќа охриѓани, но и голeм  број  туристи кои за дочек  на Новата година престојуваа во Охрид се најдоа во мошне непријатна ситуација.

 |  Валентина Нелоска  | 
logo
лого
Синоќа охриѓани, но и голeм  број  туристи кои за дочек  на Новата година престојуваа во Охрид се најдоа во мошне непријатна ситуација.

Со часови делови од градот останаа без напојување со струја. Портпаролот на ЕВН, Ленче Карпузоска  за ТВМ изјави дека станува збор за испад на електрична енергија како резултат на  досега незапаметена рекордна  потрошувачка на електрична енергија. Карпузоска објасни дека тоа довело до откажување на  35 киловолтна станица која не можела да ја пренасочи  целата електрична енергија, а која вчера достигнала  над 50 проценти зголемена потрошувачка  во однос на претходниот ден. Таа вели дека за отстранување на проблемот биле ангажирани сите служби кои вакви дефекти обично ги отстрануваат и за  неколку дена, но  заради дочекот на Новата година  тие вложиле максимални напори  дефектот да го отстранат за неколку часа.

OhridКарпузоска претпоставува дека за ваквиот испад се виновни големиот број грејни тела кои повлекуваат најмноги струја ,а биле вклучени покрај останатите електрични апарати  во домаќинствата.

 

 

{loadposition content9}