Skip to main content

Охрид по најлудата ноќ

Еуфоријата по новогодишната ноќ полека се намалува. Градот е домаќин на околу 20.000 илјади гости.

 |  Ристе Јакимовски  | 
Ohrid
Охрид
Еуфоријата по новогодишната ноќ полека се намалува. Градот е домаќин на околу 20.000 илјади гости.

Без поголеми проблеми помина новогодишната ноќ во Охрид. Така во изминативе 24 часа на подрачјето на Охрид случено е едно нарушување на јавниот ред и мир. Околу 02 часот на булеварот „Македонски просветители “дошло до меѓусебна вербална расправија на три лица под дејство на алкохол која прераснала во тепачка.

OhridВо населбата „Св Стефан“ околу 2 и 30 се случил пожар во кој изгорел шанкот за пиалоци направен од дрво благодарение на брзата реакција на против пожарната екипа не дошло до ширење на пожарот.Причинета е материјална штета во висина од 120000 денари

Од медицинскиот центар во Охрид известуваат дека  имале работа со алкохолни труења пред се кај малолетни лица. Но за срејќа оваа година немало тешки сообраќајни несрејќи и се задоволни што тоа е така. За разлика од други години оваа година нема пациенти со телесни повреди. На ред се втората и третата новогодишна ноќ во кои дел од граѓаните кои зачувале енергија од синоќешната ноќ повторно ќе излезат на прослава.

 

 

{loadposition content9}