Skip to main content

Прво па женско

Првото бебе кое се роди во оваа година во општина Охрид е женско.

 |  Лионела Јаковлева  | 
Antonija
Антонија
Првото бебе кое се роди во оваа година во општина Охрид е женско.

Антонија е првото бебе кое се роди во новава година во општина Охрид . Старите велат „женско дете  е знак оти годинава која штотуку започна ќе биде плодна и бериќетна“.. Бебето се родило утрово во 10 часот и 5 минути. Тоа е тешко 3 килограми и 880 грама. Од одделението за гинекологија и акушерство  при Општата болница кажуваат дека пороѓајот поминал во најдобар ред. Мајката е направена царски рез и се чувствува добро, а состојбата на бебето е одлична, вели
Д-р Снежана Златеска, раководител на микропедијатрија.

AntonijaИнаку,Антонија е трето дете на мајката Убавка. Таа има уште две ќерки кои со нескриена радост утрово ја примиле убавата вест. Тие велат „ова е најубав новогодишен подарок“.

Малата Антонија традиционално од локалната самоуправа ќе добие на дар книшка со 10 000 ден. Подарокот ќе и биде врачен за време на божиќните празници од страна на градоначалникот Александар Петрески кој ќе ја посети во нивниот дом.

После Антонија се роди уште едно бебе а на пат кон овој свет е уште едно. Од одделението за гинекологија и акушерство посакуваат што повеќе здрави и живи бебиња во оваа 2009.

 

 

{loadposition content9}