Skip to main content

Гимназијата Свети Климент Охридски со нова дограма

Ќе се реновира и фасадата на економското училиште.

 |   | 
prozori
прозори

Ќе се реновира и фасадата на економското училиште.

Учениците од гимназијата Св. Климент Охридски второто полугодие ќе го започнат во објект со целосно нова надворешна дограма. Ќе се менуваат сите 108 стари прозорци. Со тоа ќе се постигне поголема изолација и заштеда на енергија, велат од Локалната самоуправа.

„Ова е заокружување на проектот за санација на гимназијата- објект кој има образовно, но и културно значење и датира од 1908 година“, објаснува Митре Велјаноски.

gimnazija Sv.Kliment OhridskiСтанува збор за инвестиција вредна три и пол милиони денари- издвоени од општинскиот буџет.Планирано е зафатите да завршат до почетокот на второто полугодие од учебната година.
Ќе се реновира и фасадата на економското училиште. За оваа цел издвоени се милион и пол денари.

Ова се само дел од проектите во рамки на инвестиционата програма на Локалната самоуправа, планирани да се реализираат во текот на 2009 година. Вкупниот износ на средства наменети за инвестиции во образованието за годинава се околу 32 милиони денари.

 

{loadposition content9}