Skip to main content

Божиќ, денот на Христовото раѓање

„Христос се роди“ и „Вистина се роди“, се зборовите со кои денеска се поздравуваат православните христијани, одбележувајќи го денот на христовото раѓање, Божиќ.

rozdestvo Hristovo
рождество Христово

„Христос се роди“ и „Вистина се роди“, се зборовите со кои денеска се поздравуваат православните христијани, одбележувајќи го денот на христовото раѓање, Божиќ.

Рожденството Христово на 7 јануари според Јулијанскиот календар, го слават верниците во дел од православниот свет, Македонците, Србите, Црногорците, Русите и Украинците.

Божиќ е ден на семејна топлина и блискост, и претставува најрадосен христијански празник. Тоа е ден кога семејството се собира заедно и во топла и пријатна атмосфера го поминува целиот ден.

proslavaНа Божиќ се оди и во црква, христијаните да запалат свеќа и да оддадат почит на Христос и неговото дело.

Како што Христос бил роден во пештера близу Витлеем, затоплена и осветлена од неговите родители, се претпочита таква атмосфера да се создаде и во домот на секој верник. Со полна трпеза вкусна храна и задолжително присуство на јагне и црвено вино, роднините ја покажуваат меѓусебната љубов и верба, а со тоа и љубовта и вербата кон божјиот син Исус Христос.

Божиќ е денот кога завршува и се крунисува 40-дневното постење. Верниците , ден пред раѓањето Христово, го славеа Бадник. Тоа е последниот ден од постите. На тој ден се палат огнови и се пие топла ракија. На крајот од денот верниците вечераа во своите домови каде задолжително се крши лепче со паричка. Постои верување, дека оној на кој ќе му падне паричката, ќе има среќа цела година.

 

{loadposition content9}