Skip to main content

Реконструкција на грчката влада

Владата на Грција, која вчера претрпи реконструкција, при што четворица досегашни министри беа разрешени, денеска треба да положи заклетва.

 |  Крсте Голабовски  | 
Kramanlis
Караманлис
Владата на Грција, која вчера претрпи реконструкција, при што четворица досегашни министри беа разрешени, денеска треба да положи заклетва.

Разрешени се министерот за економија и финансии Јоргос Алогоксуфис, за култура Михалис Лапис, за земјоделство Александрос Кондос и за развој Христос Фолас, како и двајца заменици министри Петрос Дукас и Панајотис Хинофотис, а останатите министри ги задржуваат своите ресори.

AkropolНа своите функции остануваат и шефицата на дипломатијата Дора Бакојани, министерот за одбрана Евангелос Маимаракис и за внатрешни работи Прокопис.

Премиерот Костас Караманлис, кој во парламентот има мнозинство од само еден пратеник повеќе не го смени министерот за внатрешни работи Павлопулос и покрај огромните безредија што ја тресат Грција повеќе од еден месец.

 

 

{loadposition content9}