Skip to main content

Состанок во Владата за создавање услови за побрз проток на стоки на граничните премини

Создавање услови за побрз проток на стоките преку граничните премини, како една од мерките за подобрување на бизнис климата, е целта на средбата, најавена за денеска попладне во Владата меѓу вицепремиерот за економски прашања Зоран Ставрески со  ресорни министри и претставници на надлежни институции.

najnov sostav vlada
најнов состав влада
Создавање услови за побрз проток на стоките преку граничните премини, како една од мерките за подобрување на бизнис климата, е целта на средбата, најавена за денеска попладне во Владата меѓу вицепремиерот за економски прашања Зоран Ставрески со  ресорни министри и претставници на надлежни институции.

На средбата ќе се разгледуваат состојбите и ќе се предлагаат мерки за скратување на времето и трошоците при минување на стоките преку граничните премини, соопшти владината служба за информирање.

VladaПокрај ресорните министри и други претставници на Владата, на работниот состанок ќе учествуваат директорите на Царинската управа, Граничната полиција, Дирекцијата за радијациска сигурност, Дирекцијата за храна, Санитарната инспекција, Ветеринарната и Фитосанитарната управа и на Бирото за метрологија, како и претставници на Асоцијацијата на независни синдикати на транспортери и на стопанските комори.

 

 

{loadposition content9}