Skip to main content

Во несреќата со индонезискиот траект само 21 преживеан

Само 21 преживеан е пронајден после вчерашната несреќа на траектот на истокот на Индонезија, додека 246 лица се водат како исчезнати.

 |  Крсте Голабовски  | 
Indonezija
Индонезија
Само 21 преживеан е пронајден после вчерашната несреќа на траектот на истокот на Индонезија, додека 246 лица се водат како исчезнати.

feribrodКако што изјави индонезискиот министер за сообраќај Јасмин Џамал, истрагата треба да покаже поради што бродот испловил наспроти предупредувањата за лошите временски услови.
Траектот потона вчера меѓу градот Паре-паре, на островот Сулавези и Самаринда, главен град на провинцијата Источен Калимантан.

Според последните повици што биле добиени, бродот бил погоден од бура, изјави лице од транспортната компанија во чија сопственост бил бродот, јавија западни медиуми.

 

 

{loadposition content9}