Skip to main content

Над 15 000 туристи од Холандија и Англија резервирале одмор на брегот на Охридското Езеро

Над 15 000 холаѓани и англичани, само преку тру операторот ТУИ,  веќе резервирале одмор на брегот на Охридското Езеро. Од средината на април и почетокот на мај  започнуваат субвенционираните и чартер летовите на охридскиот аеродром. Се очекува плодна туристичка сезона.
 |  инфодеск  | 
Охрид Кеј Фото: Ѓоко Симјаноски

Од средината на април започнуваат чартер летовите на охридскиот аеродром. Од месец мај и субвенционираните летови од Холандија и Англија. Тринаесет години по ред, холанѓаните се најредовните туристи на брегот на Охридското Езеро. За нив тур операторите добиваат субвенции од 65 евра по лице.  

„Плановите се оваа сезона да имеме поуспешна во споредба со минатата. Планирани се четири летови од Амстердам кои ќе летаат на охридскиот аеродром,  ако зборуваме за холандските гости. Исто така ќе имаме и два организирани летови со Манчестер со гости од Велика Британија. Очекувам да имаме една добра и успешна сезона”, вели Челик Асим  тур оператор.

Само преку тур операторот ТУИ над 15 000 холаѓани и англичани веќе резервирале одмор на брегот на Охридското Езеро. Се очекува плодна туристичка сезона.

Аеродром, линии Манчестер и лондон

„Очекуваме да дојдат околу 10 до 12 000 холандски гости за ова лето, плус да кажам неофицијално 2500 до 3000 гости од Велика Британија. Се заедно околу 15 000 туристи само со тур операторот ТУИ на охридскиот аердром. Е сега ако помножиме по седум денови тука ќе добиеме една убава бројка”, додава Асим.

Според државниот завод за статистика, во јануари годинава најбројни биле туристите од Турција, по нив од Србија, Грција и Албанија. Бројот на домашните туристи  во однос на лани, е зголемен за 3.0 %, а бројот на странските бележи пораст за 15.5 %.

Новинар Соња Рилковска