Skip to main content

Сообрајна незгода во која животот го загуби 24-годишно лице

Од СВР- Охрид најавуваат засилени контроли на овој дел од регионалниот пат кој води до Свети Наум.

 |  тања Кувенџиска  | 
soobrakajna nesreka
soobrakajna nesreka
Вчеравечер, во 19 часот и 40 минути, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, во близина на влезот за хотел ,,Парк“ се случи тешка сообраќајна незгода во која животот го загуби 24- годишниот Роберт М. од Охрид. Полесно повредени се лицата И.Н. од Кичево, роден 1990 година и И.М. од Битола, роден 1990 година.

Незгодата се случила во моментот кога, сега починатиот Роберт, управувајќи патничко моторно возило марка ,,Рено-Лагуна“ со охридски регистарски ознаки, движејќи се кон Охрид, на критичното место изгубил контрола над возилото и излетал надвор од коловозот на десната страна по што со левата бочна страна од возилото удрил во електричен столб каде дошло до заглавување на возилото.

 

soobrakajna nesrekaНа лице место, извршен е увид од страна на дежурен Истражен судија од Основниот суд во Охрид, поради што речиси три часа сообраќајот беше пренасочен.
Од СВР- Охрид потврдуваат дека овој дел од регионалниот пат Охрид- Св. Наум важи за црна точка. Тоа е и причината што на овој патен правец постојано се вршат сообраќајни контроли. По вчерашната незгода, од СВР- Охрид најавуваат уште позасилени контроли.