Skip to main content

Голем кам-бек на платнените торби

Од идната  година  ќе се применуваат голем број ригорозни закони и наредби. Наредбата за забрана на употреба од пластични  кеси до 5 кг е една од тие што следуваат.

 |  Валентина Нелоска  | 
plasticni kesi
plasticni kesi
Од идната  година  ќе се применуваат голем број ригорозни закони и наредби. Наредбата за забрана на употреба од пластични  кеси до 5 кг е една од тие што следуваат.

За да се спречи загадувањето на животната средина купувачите ќе употребуваат платнени торби и книжни кеси. Пластичните  кеси ќе се забранат од  употреба со  наредба. Таа  е донесена во  август оваа година , a  ќе се применува од јануари 2009 година. Граѓаните за оваа најнова наредба со размислување.

plasticni kesiМинистерството за животна средина во соработка со министерствата за здравство, економија и земјоделство ќе ги забранат пластичните кеси со носивост до 5 кг, во  продавниците за ситни производи.

Јадранка Иванова од  министерството  за животна средина, вели единствено пластичните кеси може да се даваат за пакување на размерна храна како месо , зеленчук или овошје , но не и за транспорт на храна.
Продавачите,  кесите за носивост поголема од 5 килограми ќе мора да ги наплаќаат. Продавачите кои нема да се придржуваат кон наредбата ќе бидат санкционирани  со парична казна од 6000 евра.