Skip to main content

Неонацисти планирале атентат врз Обама

Двајца белци расисти се уапсени во американската држава Тенеси во врска со плановите да извршат масовно убиство и евентуално да го застрелаат Барак Обама.

 |  Крсте Голабовски  | 
neonacisti
neonacisti
Двајца белци расисти се уапсени во американската држава Тенеси во врска со плановите да извршат масовно убиство и евентуално да го застрелаат Барак Обама, претседателски кандидат на Демократската партија на претстојните избори во САД, се вели во судски документ за кој синоќа јавија американските медиуми.
Даниел Коварт (20) и Пол Шлесеман (18) со кривичната пријава се обвинети дека му се заканувале на претседателскиот кандидат Обама, незаконски поседувале пушка и планирале да ограбат продавница за оружје.

Barak ObamaСпоред судскиот документ, заговорот не бил во поодмината фаза ниту делувал убедливо.
Американската тајна служба, федералната агенција за безбедност, поради загриженост за животот на Обама, уште во раните фази на кампањата воведе 24-часовна заштита за 47-годишниот сенатор од Илиноис.