Skip to main content

Мал број стружани се заинтересирани да отпочнат сопствен бизнис

Во центарот за вработување аплицирале 93 невработени. Засега само на  32 лица им е одобрен кредит за таа намена. Туризмот не привлече внимание кај никој од нив.

 |  Билјана Ќосеска  | 
Zavod za vrabotuvanje
Zavod za vrabotuvanje
Во центарот за вработување аплицирале 93 невработени. Засега само на  32 лица им е одобрен кредит за таа намена. Туризмот не привлече внимание кај никој од нив.

Мал дел  од граѓаните на Струга се  заинтересирани да отворат сопствен бизнис. Иако на почетокот кога се промовира оваа поволна понуда за вработување, во Центарот се пријавија околу 200 невработени лица, сега бројката не е ни половина. Од воведувањето на овој проект од месец март до сега, во центарот за вработување се пријавиле само 93 лица кои претходно ги исполнувале сите формални услови. Од апликациите кои се доставени, досега позитивно им е одговорено на 44 лица,  додека на 33 апликанти веќе им се одобрени средствата за да отпочнат сопствен бизнис.

„На почетокот имаше поголем ентузијазам, бројот на заинтересирани лица беше поголем но кога видоа луѓето дека толку лесно не се започнува сопствен бизнис на овој начин, се откажаа. Бројката навистина е мала но барем сите тие сериозно сакаат да отпочнат свој бизнис“, -истакна Џевит Зиба-директор на  Центарот за вработување во Струга.

Најмногу од нив, сакаат да  инвестираат во земјоделство, сточарство, трговија и градежништвото.

Zavod za vrabotuvanje„Од досегашните апликанти ниту еден не пројави интерес за Туризмот, барем не досега“-додаде Зиба.

Директорот се надева дека до крајот на оваа година до кога и воедно  се реализира проектот, интерес ќе пројават уште невработени лица. Заинтересираните сеуште  можат да аплицираат од 1 до 10, секој месец.

Инаку за  отпочнување на сопствен бизнис,центарот доделува кредит во висина од 3 000 евра, со грејс период од 1 година и рок на враќање од 3 години,а каматна стапка изнесува 1 посто годишно.

За да се одобри кредитот,услов е лицата да бидат невработени подолго  од една година , да се до 27 годишна возраст,додека   лицата со над 55 годишна возраст,треба како невработени да се евидентирани најмалку   6 месеци. Сопствен бизнис, може заедно да започнат од 2 до 5 физички лица. За оваа намена, се   издвоени 6 милиони евра,за  цела Македонија.

{loadposition content9}