Skip to main content

Џиро Ди Италија без Алберто Контадор

Шпанскиот велосипедист Алберто Контадор изјави дека следната сезона нема да ја брани титулата Џиро Ди Италија, туку дека ќе се фокуситжра на Тур де Франс.

 |  Крсте Голабовски  | 
Alberto Contador
Alberto Contador
Шпанскиот велосипедист Алберто Контадор изјави дека следната сезона нема да ја брани титулата Џиро Ди Италија, туку дека ќе се фокуситжра на Тур де Франс.

Организаторите на трката во Франција им забранија на велосипедистите на Астана, чиј член е Контадор да учествуваат на овогодинешново натпреварување поради големиот број на обвиненија за допинг во минатото.

„Оваа година бев најбрз на Џиро и Вуелта, па поради тоа ќе се сконцентрирам на Тур Де Франс. Нема да се натпреварувам во Италија, туку за трката во Франција ќе се подготвувам на некое друго место“.

Alberto Contador„Сеуште немам одлучено ни дали ќе се пријавам за Вуелта“, додаде 25-годишниот шпанец.

Оваа сезона за Астана ќе вози и Ленс Армстронг, седмократниот првак во Франција. Тим менаџерот на казахстанскиот тим Јохан Бринил вели дека шансите Американецот да настапи на Тур, пола-пола.
Контадор во врска со доаѓањето на Армстронг често го менуваше мислењето, но многумина неговото повлекување Џиро го поврзаа со стравот од конкуренција.