Skip to main content

Министерството за здравство од годишниот буџет одвои средства и за јавните здравствени установи во Струга

Тие ќе набават најмалку по три апарати кои им се неопходни за дијагностика.

 |  Билјана Ќосеска  | 
tabla bolnica
tabla bolnica
Министерството за здравство заедно со фондот за здравствено осигурување на Македонија,  одвои за струшките болници сума од  годишниот буџет во висина од 107 милиони денари. Од ова сума треба да се обезбедат апарати за дијагностика кои им се неопходни  на установите. За „Здравствен дом“ се издвоени 136 илјади денари. Средствата треба да се искористат за набавка на 3 апарати; за инхалација,  апарат за дијагностика на  слух како и еден за мерење масно ткиво.  

Zdravstven dom StrugaЗа „Опшатата Болница“ се одвоени 760 илјади денари, од кои треба да се набават три приоритетни апарати: биохемиски анализатор, мерач за урина како и процесор за мамограф.

Директорите на двете здравствени установи велат дека се задоволни од сумата која за нивните потреби ги одвои министерството.
Инаку,  средствата во висина од 107 милиони денари ги  одреди  Министерството за здравство,  исклучиво за инвестирање во дијагностиката во здравствените установи низ целата држава. Нивната цел е со тоа  да се овозможи поквалитетна дијагностика и  здравствена заштита.

 

{loadposition content9}