Skip to main content

Хјустон подобар во дербито, Јао Минг блесна

Во дербито на денот, Хјустон Рокетс ја забележаа и втората победа во сезоната со победата над Далас Маверикс со 112:102.

 |  Крсте Голабовски  | 
Yao Ming
Yao Ming
Во дербито на денот, Хјустон Рокетс ја забележаа и втората победа во сезоната со победата над Далас Маверикс со 112:102 во натпревар полн со преврати. Во преостанатите два натпревари, Кливленд го совлада Шарлот со 96:79. Саша Павловиќ на теренот постигна два поени и три скокови.

Yao MingЊу Орлеанс го порази Феникс со 108:95, во натпревар во кој Пеџа Стојаковиќ се истакна со 20 поени и шест скокови, за да на почетокот на последната четвртина го напушти паркетот поради повреда на зглобот. Јао Минг со 30 поени и 13 скокови беше најефикасен во тимот на Рокетси, додека Дирк Новицки постигна 36 поени и седум скокови за Маверикс.

{loadposition content9}