Skip to main content

СВР Охрид, денес го промовира „Оделението за превенција“

Tоа ќе потпомага за зголемување на безбедноста на граѓаните во местото каде живеат. Од СВр очекуваат позитивни ефекти од функционирањето на одделението.

 |  Билјана Ќосеска  | 
SVR Ohrid
СВР Охрид
Tоа ќе потпомага за зголемување на безбедноста на граѓаните во местото каде живеат. Од СВр очекуваат позитивни ефекти од функционирањето на одделението.

Ќе се зголемува безбедноста во градот. За таа цел, СВР Охрид  денес го промовира „Оделението  за превенција“ наменето за  идентификација и решавањето на проблемите од безбедносен карактер. Од СВР Охрид сметаат дека  функционирањето на ова оделение, е еден од начините граѓаните да бидат безбедни во местата каде живеат.

Соработката помеѓу полициските служби, граѓаните како и локалните и националните институции, е од големо значење за работењето на оваа оделение. Со тоа се приближуваме до европските снтандарди а истовремено кај нас го намалуваме криминалитетот и другите асоцијални однесувања, вели началникот на Одделението за превенција.

pres konferencija policija Тони Филипов,  виш инспектор при СВР Охрид,  е лицето на кое граѓаните преку директен контакт,  ќе можат му ги пренесуваат  забелешки со цел да се зголеми безбедноста во местото каде живеат. Мотото со кое ќе работи е „Секогаш тука за вас“.

Од оделението за превенција очекуваат позитивни ефекти од неговото функционирање. Најавија проекти кои допрва треба да се реализираат кои ќе потпомогнат на елиминирање на причините за појава на кримининалитетот и другите асоцијатвни појави

 

{loadposition content9}