Skip to main content

Алофс ги критикува фудбалерите на Вердер

Спортскиот директор на Вердер, Клаус Алофс, ги критикуваше фудбалерите на тој клуб поради лошата игра и поразот од Панатенаикос.

 |  Крсте Голабовски  | 
Alof Klaus
Алоф Клаус
Спортскиот директор на Вердер, Клаус Алофс, ги критикуваше фудбалерите на тој клуб поради лошата игра и поразот од Панатенаикос.

„Тоа не беше Вердер од Бремен. Се што сега можеме да направиме е да се извиниме. Ако фудбалерите не ја поправат играта во блиска иднина, тогаш ќе мораме да ги намалиме очекувањата или да ги избркаме од клубот. А ние не сакаме да ги намалиме очекувањата“, изјави Алофс за новинарите после тешкиот пораз на домашен терен.

VerderЕкипата од Бремен се наоѓа на последното место во Б групата со три поени.. Во домашниот шампионат Вердер е на осмото место, со девет поени помалку од водечкиот Хофенхајм.

Алофс оцени дека играчите против Панатенаикос играле без воља и храброст,и свесен е дека тоа е најтешко обвинување за фудбалерите, но дека ќе мора за тоа да разговара со нив.

 

{loadposition content9}