Skip to main content

Верските заедници не се согласуваат со делови од новиот Закон за гробишта

Особено погодена е Муслиманската верска заедница. Ќе реагираат од кога ќе помине празникот Курбан- бајрам. Од МПЦ, пак чекаат да помине Митровден.

 |  Тања Кувенџиска  | 
Krst dzamija
Крст џамија
Особено погодена е Муслиманската верска заедница. Ќе реагираат од кога ќе помине празникот Курбан- бајрам. Од МПЦ, пак чекаат да помине Митровден.

Верските заедници во земјава не се согласуваат со одредени делови  од новиот Закон за гробишта. Особено е погодена муслиманската верска заедница. Oд таму велат- членот од законот според кој покојниот, минимум 24 часа не смее да се погреба, се коси со нашите верски определби. Според нашата вера, покојните се закопуваат уште истиот ден кога настанала смртта. Нашата вера не дозволува било какво менување на ваквите обичаи. Со официјален став, велат од Исламската верска заедница, ќе излезат по завршувањето на муслиманскиот верски празник Курбан бајрам, затоа што деновиве во тек се интензивни подготовки за прославата на овој празник.

dzamijaИ од Македонската православна црква не излегуваат со официјален став по ова прашање. Тоа ќе го направат кога ќе помине верскиот празник Митровден.  Предвидено е по празникот, претставници од МПЦ да се сретнат со раководните луѓе од ЈП Комуналец со кои ќе разговараат околу новиот Закон за гробишта кој стапува на сила од јануари идната година.

 

{loadposition content9}