Skip to main content

Синдикални протести низ Македонија

Протести за подобри услови на работниците, подобрување на условите за пензионирање и утврдување на минимална плата денеска ќе се одржат во Прилеп, Велес, Струмица, Охрид, Штип и Куманово.

protesti SSM
протести ССМ
Протести за подобри услови на работниците, подобрување на условите за пензионирање и утврдување на минимална плата денеска ќе се одржат во Прилеп, Велес, Струмица, Охрид, Штип и Куманово.

Организатор на протестите е Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), а вклучени се и регионалните синдикални совети и синдикални канцеларии.

VladaБарањата на Синдикатот се укинување на последните измени и дополнувања на Законот за работни односи, работниот стаж покрај возраста да биде услов за пензионирање, законско утврдување на минималната плата, како и донесување закон со кој материјално ќе се обезбедат сите стечајни работници прогласени за технолошки вишок.

Синдикалците, исто така, бараат зачувување на животниот стандард на работниците со преземање ефективни мерки за сузбивање на појавите на неконтролирано зголемување на цените на основните прехранбени производи.

{loadposition content9}