Skip to main content

Салата „Билјанини извори“ безбедна за навивачите

Црвениот крст во соработка со ЈП „Билјанини извори“ организира показна вежба на евакуација  од спортската сала според евакуационен план и одредено сценарио.

 |  Лионела Јаковлева  | 
sportska sala
спортска сала
Црвениот крст во соработка со ЈП „Билјанини извори“ организира показна вежба на евакуација  од спортската сала според евакуационен план и одредено сценарио.

Се е подготвено за Европското првенство во ракомет за жени. Црвениот крст во соработка со ЈП „Билјанини извори“ организира показна вежба на евакуација  од спортската сала според евакуационен план и одредено сценарио. Вежбата имаше за цел да ја покаже подготвеноста на субјектите одговорни за безбедноста при одвивање на масовни манифестации во затворени објекти, во случај на инцидентни ситуации.

Иван Цветкоски, директорот на ова јавно претпријатие вели дека се надеваат дека нема да дојде до некој несакан настан, но сепак интензивно  се подготвуваат соодветно да реагираат во било која ситуација.

sportska salaНа вежбата учествуваа соодветни тимови на Црвен крст Охрид, СВР Охрид, Царинска управа, Противпожарна бригада Охрид, Агенцијата за обезбедување „Питон“, итната медицинска помош како и вработени во     ЈП „Билјанини извори“. На овој начин Охрид уште еднаш докажува дека е подготвен да биде домаќин на еден ваков голем спортски настан.

За време на европското првенство во градов се очекува да пристигнат повеќе од 5000 гости. Сите стандарди на ИХФ за одржување на седмото по ред Европско првенство во ракомет за жени се исполнети. Во Охрид ќе играат осум екипи. Меѓу нив се и тимовите од Норвешка и Шведска кои имаат голем број фанови кои ги следат на сите нивни настапи.

 

 

{loadposition content9}