Skip to main content

Еден полицаец убиен двајца ранети,интензивна потрага по напаѓачите на „алфите“

Интензивно се трага по вооружената група која уби еден припадник на Алфите и рани други двајца, граничните премини се блокирани и се вршат засилени контроли на возилата.

policiska akcija
полициска акција
Во оруженито напад што околу 12,30 часот беше извршен во близина на Природно математичкиот факултет во Скопје е убиен Африм Арифи (39) припадник на полициската единица Алфи.

Други двајца припадници на единицата, на возраст од 33 и 37 година, се ранети. Едниот е во критична состојба, а другиот е полесно ранет.

Деталите за оружениот инцидент попладнево на вонредна прес конференција ги соопшти министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

За мотивите на оружениот напад, полицијата не исклучува дека е можна одмазда за неодамнешните апсења на повеќе криминалци, но, засега нема повеќе сознанија.

SkopjeПолициската патрола пристигнала на паркингот на Природно – математичкиот факултет од населбата Ченто и вршела редовни активности.

Алфите биле во возило „мазда“ и во кругот на факултетот се разминале со „голф“ со темна боја и затемнети стакла.

Напаѓачите, најверојатно биле тројца до четворица. Тие што седеле позади носеле маски на главите.

Врз полицајците биле пукано од автоматско оружје, а нападот траел триесетина секунди.

 

 

{loadposition content9}