Skip to main content

Охриѓани ќе зимуваат без оглед на светската економска криза

Охриѓаните со подлабок џеб кои наумиле да се одморат за време на новогодишните  празници,  ќе патуваат  надвор од земјава, без оглед на светската економска криза  велат туристичките работници.

 |  Валентина Нелоска  | 
znaminja
знамиња
Охриѓаните со подлабок џеб кои наумиле да се одморат за време на новогодишните  празници,  ќе патуваат  надвор од земјава, без оглед на светската економска криза  велат туристичките работници.

Елида Битракова од ТА „Елида – Турс“ вели во нашата држава нема алармантни податоци за таквата ситуација, но кај граѓаните се всадува еден психолошки момент за штедење, што не е во наш интерес. Но, оние кои имаат намера  да се одморат и да ги поминат новогодишните празници ќе го реализираат тоа.“

OhridКако дестинаци во блиското соседство се  нудат Дубровник, Сараево, Црно Горското крајбрежје. Охриѓани може да изберат зимување и во  атрактивниот комплекс Банско, Бугарија, но и во домашните зимски одморалишта. Сепак резервациите се прават во последен момент затоа што нашиот менталитет и карактерот на луѓето е да одлучуваат во последен момент додава  Елида Битракова.

Покрај блиските туристички дестинации се нудат и егзотични места. За Новогодишните празници и зимскиот одмор се нудат и познатите египетски туристички  одморалишта. Туристичките работници  потенцираат дека голем е интересот за одмор и во Охрид. Најголем интерес покажале  Србите, посебно Белграѓани. Бараат сместување во приватниот сектор вели Битракова.

 

 

{loadposition content9}