Skip to main content

КУД Отекс –Охрид го прославува својот 25-ти роденден

КУД Отекс –Охрид организира гала концерт на големиот ансамбл. Пред охридската публика ќе бидат изведени познати кореографии и ора од источна и западна Македонија.

 |  Лионела Јаковлева  | 
OTEKS
OTEKS
КУД Отекс –Охрид организира гала концерт на големиот ансамбл. Пред охридската публика ќе бидат изведени познати кореографии и ора од источна и западна Македонија.

Горан Попоски веќе 23 години членува во КУД „Отекс“. Тој вели „ентузијазмот и желбата со која играм е иста како и на моите почетоци“. Попоски раскажува дека  играорната е магија која те обзема и не те напушта цел живот. Научените кореографии се врежани длабоко во памтењето и не се забораваат. Кога прави споредба со неговото време и времето на овие генерации не гледа некои големи разлики освен во финансиската состојба во која се наоѓа клубот поради глобалната економска криза.

Ирена Спасеска е играорка во КУД „Отекс“ од помладата генерација. Таа во ова фолклорно друштво е веќе шест години. За тоа време била на голем број патувања, учествувала на многу концерти и вели дека негувањето на фолклорот е најдобриот начин за пополнување на слободното време на младите.

OteksИнаку КУД Отекс –Охрид го прославува својот 25ти роденден. По тој повод ова фолклорно друштво во сабота организира гала концерт на големиот ансамбл. Пред охридската публика ќе бидат изведени познати кореографии и ора од источна и западна Македонија, а секако ќе биде изиграно и познатото калајџиско оро кое е препознатлив знак на ова културно уметничко друштво. Дел од играорците кои ќе настапат се од првата генерација која членувала во „Отекс“, а дел се од сегашната прва постава. Менаџерот на ова културно уметничко друштво Димче Трајчевски вели дека не е едноставно на едно место да се соберат повеќе генерации играорци и да се организира еден ваков концерт. „Но мотивот е голем, објаснува тој бидејќи сакам да направиме еден гала концерт за охриѓани, а пред се за родителите на играорците“.

Трајчевски кажува дека за жал фолклорните друштва и негувањето на фолклорот пополека, но сигурно згаснуваат. Причините пред се се финансиски. Тој вели дека неопходна им е помош од локалната но и од централната власт. Моментално ова друштво се финансира само од членарината која ја плаќаат играорците.Тој апелира до сите – „да не дозволиме да ни се случи да изгубиме нешто по што не препознаваат во целиот свет“.

 

 

{loadposition content9}