Skip to main content

Подивеа хулиганите на Ајакс во Хамбург

Тројца германски полицајци во цивилка се соочија вчера во хамбург со навивачите на холандскиот Ајакс.

 |  Крсте Голабовски  | 
huligani
хулигани
Тројца германски полицајци во цивилка се соочија вчера во хамбург со навивачите на холандскиот Ајакс.

Околу 50 навивачи на Ајакс ги натераа полицајците во слепа улица, поголем инцидент е спречен кога еден од полицајците кој извадил пиштол, но не пукал, потврди портпаролот на хамбуршката полиција Ралф Мајер. Неколку часа подоцна полицијата прво приведе 13 навивачи, а потоа ги пушти сите освен еден, за кој се знае дека е водич на хулиганите на Ајакс и дека му е забранет влез на холандските стадиони.

HamburgДругата група од 30-40 фанови на Ајакс, демолира едно кафуле на Репербан улицата.
Навивачите на Ајакс допатуваа во хамбург да го бодрат својот клуб во дуелот со ХСВ, кој се игра во рамките на третото коло во Лигата на УЕФА.

Локалните медиуми соопштија дека за обезбедувањето на натпреварот се ангажирани околу дополнителни 800 полицајци.

 


{loadposition content9}