Skip to main content

Американски амбасадор во Либија после три децении

Првиот американски амбасадор во Либија после три децении ќе стапи на должност кон средината на декември, што ја потврдува целосната нормализација на односите меѓу двете земји, потврди Стејт департментот.

 |  Крсте Голабовски  | 
Tripoli
Триполи
Првиот американски амбасадор во Либија после три децении ќе стапи на должност кон средината на декември, што ја потврдува целосната нормализација на односите меѓу двете земји, потврди Стејт департментот.

Новиот амбасадор на САД во Триполи ќе биде дипломатот Гене Крец кој претходно работел во Тел Авив, Дамаск, Каиро, Исламабад, Њу Делхи и Пекинг.

TripoliЛибија и САД нагло ги подобрија односите после одлуката на Триполи да се откаже од плановите за оружје за масовно уништување. Последната голема пречка меѓу двете земји беше отстранета минатиот месец, кога Либија се согласи да одвои 1,5 милијарди долари за надомест за семејствата чии членови страдаа во 1988 година, кога либиските терористи го соборија патничкиот авион „Панама“ над Локерби во Шкотска. Тие средства ќе бидат искористени и за обештетување на жртвите во една дискотека во Западен Берлин и за други слични бомбашки напади.

Америка го повлече својот амбасадор од Триполи во 1972 година, а после нападот на нејзината Амбасада во Триполи во 1979 година, ги врати дома и останатите дипломати. Вашингтон до скоро го обвинуваше Муамер Гадафи дека го поддржува меѓународниот тероризам. Двете земји пред четири години отворија дипломатски мисии на пониско ниво во Вашингтон и Триполи, што сега доведе до целосна нормализација на односите.

 

 

{loadposition content9}