Skip to main content

Македонија го одбележува Светскиот ден за борба против СИДА

Во Македонија денеска со низа манифестации ќе биде одбележан Светскиот ден за борба против СИДА- та.

crvena pandelka
црвена панделка
Во Македонија денеска со низа манифестации ќе биде одбележан Светскиот ден за борба против СИДА- та.

На плоштадот Македонија во Скопје од 14 до 16 часот ќе се одржи едукативна игра на црвената панделка, потоа бесплатни гушкања со главна порака „ХИВ не се пренесува преку прегратка“.

lugeВо Македонија од 1987 година до денеска се регистрирани вкупно 111 ХИВ-инфицирани случаи, од кои 60 завршиле фатално. Во 2008 година се регистрирани осум нови случаи. Меѓу заболените доминира младата сексуално активна популација од 23 до 40-годишна возраст, пред се машкиот пол. Во најголем дел болеста се пренесува преку хетеросексуален начин.
Црвениот крст од Охрид во текот на оваа недела ќе организира низа активности преку кои ќе ги информира и едуцира пред се најмладите како да се заштитат од оваа опасна болест. Волонтери на општинскиот Црвен крст попладне  на повеќе локации во градот делеа едукативни матерјали и презервативи. Оваа невладина организација во периодот од 2003 до 2005 год. спроведуваше и еден проект преку кој граѓаните можеа бесплатно да направат  тест со кој се докажува присуството на ХИВ вирусот. Дел од охриѓани ја искористија оваа можност.

Годинава, светот ја одбележува 20 – годишнината на Светскиот ден за борба против СИДА – та. Темата на Светскиот ден против СИДА-та и годинава останува да биде лидерството, како повик до поединците, организациите и владите да преземат водство во справувањето со СИДА-та.

 

 

{loadposition content9}