Skip to main content

Премиерот Груевски во работна посета на Полска

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска и утре ќе престојува во работна посета на Република Полска.

Nikola Gruevski
Никола Груевски
Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска и утре ќе престојува во работна посета на Република Полска.

Македонскиот премиер во Гдањск ќе присуствува на Конференцијата по повод 25-годишнината од доделувањето на Нобеловата награда за мир на поранешниот полски претседател Лех Валенса.

Според најавите, на конференцијата ќе присуствуваат претседателот на Франција Никола Саркози, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, премиерот на Унгарија Ференц Ѓурчањ, претседавачот на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент Јацек Сариуш Волски, поранешниот претседател на Советскиот Сојуз Михаил Горбачов, како и Далај Лама, добитник на Нобелова награда за мир.

VarsavaПремиерот Груевски ќе одржи говор на тема „Европа – извор на стабилност или опасност за развојот на светот во 21 век“, а предвидено е тој да има и работна средба со премиерот на Полска Доналд Туск

 

 

{loadposition content9}