Skip to main content

Во клизање на земјиште во Папуа Нова Гвинеја исчезнаа околу 40 луѓе

Околу 40 луѓе се водат за исчезнати во државата Папуа Нова Гвинеја откако нивното село, во близина на еден рудник за злато, настрада во лизгање на земјиштето.

 |  Крсте Голабовски  | 
Nova Gvineja
Нова Гвинеја
Околу 40 луѓе се водат за исчезнати во државата Папуа Нова Гвинеја откако нивното село, во близина на еден рудник за злато, настрада во лизгање на земјиштето.

„Австралиска спасувачка екипа, составена од петмина, тргна на местото на несреќата за да помогнат во потрага по исчезнатите лица“, изјави претставникот на службата за вонредни ситуации Алестер Вилсон.

Nova GvinejaВластите претходно соопштија дека на местото на инцидентот се пронајдени телата на 10 лица, меѓу кои има и три деца. Лизгањето на земјиштето се случи во близина на рудникот за злато Каинанту, источно од Горок, престолнината на областа Истерн Хајлендс.

 

 

{loadposition content9}