Skip to main content

Фискализацијата на земјоделците се заканува да ги згасне зелените пазари

На охридскиот пазар, секој понеделник доаѓаат околу 100-тина земјоделци-производители кои не се регистрирани во подрачната единица на министерството за земјоделство.

 |  Валентина Нелоска  | 
pazar
пазар
На охридскиот пазар, секој понеделник доаѓаат околу 100-тина земјоделци-производители кои не се регистрирани во подрачната единица на министерството за земјоделство.

Тие се евидентирани како земјоделци од страна на Комисијата формирана од локалната самоуправа велат организаторите на пазар. Засега, на тој начин се спроведуваат измените на Законот за трговско работење. Со воведувањето на фискални апарати постои опасност да исчезнат зелените пазари и земјоделците да бараат алтернативи за продажба на своите производи вели Сашо Алчев координатор од ЈП Комуналец.

pazarОд ЈП Комуналец како организатори на пазарот велат суштината на зелените пазари е продажба на вишокот на земјоделски производи. Сега земјоделците со спроведувањето на Законот се збунети и не се едуцирани кој треба да поседува фискален апарат со што се зголемуваат нивните давачки. Во моментов од ЈП Комуналец, објаснуваат дека се соочуваат со сериозен проблем. Министерството за земјоделство не издава унифицирани потврди за регистрирани земјоделци и нема изготвено Правилник за регистрација на земјоделците од охридскиот регион, вели Алчев.

За ТВМ, од подрачната единица на ресорното министерство потврдија дека во фаза на подготовка е единствениот регистер на земјоделски стопанства. Со него земјоделците ќе имаат единствен идентификационен број. Најавите се дека овој регистер ќе биде готов и ќе се применува од идната година .

Од ЈП Комуналец, додаваат дека од нивна страна се исполнети обврските и се набавени фискални апарати. Досега се склучени 168 договори со закупци на тезги за продажба на зелени производи со потврди од локалната самоуправа. Од пазарот се загрижени што договорите за закуп ва 2008 година се намалиле за 10 посто.

 

 

{loadposition content9}