Skip to main content

25 милиони денари за реализација на нацрт програмата за развој на туризмот

Дваесет и пет милиони денари за реализација на програмата за потикнување на развојот на туризмот во општина Охрид и 27 милиони денари за програмата за подршка на Лер, можна реалност или само пуста желба?

 |  Крсте Голабовски  | 
veb strana
веб страна
Дваесет и пет милиони денари за реализација на програмата за потикнување на развојот на туризмот во општина Охрид и 27 милиони денари за програмата за подршка на Лер, можна реалност или само пуста желба?

Советот на опшината на последната седница одржана на 28.11.годинава, согласно определбите на Градоначалникот и заклучокот на Советот на општината, ги утврди нацрт- развојните програми на општината кои се составен дел на фискалната стратегија на општина Охрид.Најинтересни за граѓаните нас се нацрт програмата за подршка на ЛЕР, како и програмата за потикнување на туризмот.

Водени од визијата дека до 2020 година Охрид ќе стане туристичка дестинација од светска класа, инфраструктурно и еколошки уредена општина со зачувано природно и културно богатство, со туризмот како водечка индустија во областа на економијата во нашава земја, за реализација на нацрт програмата за потикнување на туризмот за 2009 година, се бараат вртоглави 25 милони денари.

Како извори за финансирање на програмата се наведуваат средствата предвидени како приход од таксата за привремен престој. Само за информација, за десет месеци се наплатени над 14 милиони денари по основ туристичка такса, средства кои и наменски треба да бидат употребени за поттикнување и развој на туризмот.

GalicicaСамо за пример, за изработка на уште еден Веб портал за промоција на сместувачките капацитети и online букирање на сместувањaтa, во нацрт програмата се бараат 5 милиони денари. Потоа за организирање на настапи и присуство на саеми уште 5 милиони денари, 2 и пол милиони денари би биле потребни само за промотивен материјал, потоа за реализацијата на идејата за отварање на два инфо центри кои ќе бидат во функција на управување на туризмот, потребна би била сума од 6 милиони денари итн.  Свесни сме дека средства за поттикнување и развој на туризмот никогаш нема да бидат доволни. Но, дали се реални очекувањата да се бараат околу 52 милиони денари, ако се знае дека минатата година биле побарани 27 милиони, а одобрени речиси 5 милиони од кои најголем дел биле употребни за категоризација и стандардизација на приватните сместувачки капацитети.

Според Гоце Симоноски, раководителот на секторот за ЛЕР и туризам станува збор само за нацрт програма, дека сеуште се чека на идеи од страна на граѓаните чијашто реализација би допринела за поттикнување на развој на туризмот.

Идеја која чека подолго време за реализација е формирањето на фондацијата за подршка на малите бизниси посебно од областа на туризмот, идеја за чија реализација би биле потребни 10 милиони денари.

Во врска со ова, вечерва на јавната трибина за Нацрт- развојните програми и фискалната стратегија кои се дадени на јавен увид, со свои сугестии, предлози и забелешки за конкретните развојни програми и фискална стратегија може да учествуваат граѓани, претставници на МЗ и УЗ, асоцијации, здруженија на граѓани, НВО сектор или еснафски здружанија.

 

 

{loadposition content9}