Skip to main content

Објавување на поштенска марка со лик на фотографот Летра

Космополитизмот на Охрид и стекнувањето на пријатели низ светот се потврдија уште еднаш, преку објавувањето поштенска марка во Франција со ликот на охридски фотограф Зоран Велјаноски – Летра.

 |  Валентина Нелоска  | 
marka
марка
Космополитизмот на Охрид и стекнувањето на пријатели низ светот се потврдија уште еднаш, преку објавувањето поштенска марка во Франција со ликот на охридски фотограф Зоран Велјаноски – Летра.

Тоа претставува голема чест  за  него, но и  за заложбите на Охрид во афирмирање  на нашиот град и култура во светот, истакна градоначалникот Александар Петрески. „Особено е  важно што признанието доаѓа од земја со голема култура и уметност и  актуелен претседавач со ЕУ “, рече Петрески.

Зоран Велјаноски – Летра, кој признанието го доби за  организацијата на Фестивалот на францускиот филм, истакна дека со издавањето на поштенската маркичка воспоставен е културен мост помеѓу двете земји.

Aleksandar Petreski i Zoran Veljanoski„Ова е големо лично признание но и потврда на успешната организација на Фестивалот на францускиот филм со кој Охрид се вброи во светските градови каде се одржуваат филмски фестивали.Се докажа дека големите европски земји ја сакаат Македонија и се воодушевени од Охрид “, рече Велјаноски – Летра.

Тој се заблагодари на поддршката на првиот човек на градот  и локалната самоуправа. Изрази  очекување дека престојното  издание на фестивалот, што ќе се одржи на 29  јуни, а ќе трае  до 5 јули,  ќе биде многу подобро организирано.

 

 

{loadposition content9}