Skip to main content

Костелиќ триумфираше во Алта Бадија

Хрватскиот скијач Ивица Костелиќ победи на слалом трката која се возеше во Алта Бадија.

 |  Крсте Голабовски  | 
Ivica Kostelic
Ивица Костелиќ
Хрватскиот скијач Ивица Костелиќ победи на слалом трката која се возеше во Алта Бадија.

Костелиќ во двете трки беше најбрз и оствари вкупен резултат од 1:39,83 надминувајќи го за 20 стотинки второпласираниот француз Жан Батист Гранж. Третото место со задоцнување од 80 стотинки го зазеде австријанецот Бенџамин Рајх. Трката во Алта Бадија е возена дополнително, бидејќи минатат недела е одложена во Вал Дизер поради лошите временски услови.

Ivica КostelicХрватскиот скијач беше најдобар во првото возење, бидејќи ги избегна сите замки на патеката и трката ја заврши со 53 стотинки предност во однос на фаворитот Гранж.
Ова е прва победа на Костелиќ од 15 декември кога триумфираше во Мадона ди Кампиљо. Костелиќ во саботата го освои и воторото место во велеслалом.

 

 

{loadposition content9}