Skip to main content

2008 успешна година за одделението за комунален развој

Многу реконструирани улици, поставена канализациона мрежа, тротоари и други инфраструктурни зафати ја одбележаа годинава што одминува.

 |  Лионела Јаковлева  | 
secenje lenta
сечење лента
Многу реконструирани улици, поставена канализациона мрежа, тротоари и други инфраструктурни зафати ја одбележаа годинава што одминува.

Многу реконструирани улици, поставена канализациона мрежа, тротоари и други инфраструктурни зафати ја одбележаа годинава што одминува. Од одделението за комунален развој со задоволство зборуваат што се реализираа во 2008. Од таму велат дека многу проекти завршија, а голем број започнаа и ќе ги дореализираат во нареднава година. Зоран Шикалески, советникот за сообраќај кажува дека улиците на кои и по повеќе од 30 години не биле направени никакви зафати во текот на оваа година целосно се реконструирани. За издвојување се  „Даме Груев“, „Дејан Војвода“, средниот крак од „Стив Наумов“, „Прилепска“, „Винковачка“ и мн. др.

улицаШикалески вели дека во 2008 во голема мера се решија и канализационите проблеми на граѓаните. Тој ги издвојува селата Велгошти и Лескоец каде се постави канализациона мрежа  како и Болнички комплекс каде работите се при крај. На канализациона мрежа се приклучија и жителите од улицата „Радојца Новичиќ“.

Од одделението за комунален развој потенцираат дека во 2008 го светнаа Охрид. Скоро во целиот град поставено е улично осветлување или е заменето старото.

За 2009 предвидена е реализација на многу проекти. Од буџетот на општината најмногу средства за нареднава година се издвоија за комуналната свера, дури 133 милиони денари. Најголемиот дел од парите предвидено е да бидат потрошени за инфраструктура и реконструкција на патишта.

 

 

{loadposition content9}