Skip to main content

Стружани интензивно ги привршуваат подготовките за дочек на Новата Година

За празнувањето да не премине во трагедија, одбегнувајте употреба на пиротехнички средства и огнено оружје. Оваа е новогодишната поораката на здружението на жени  „Езерка“ од Струга.

 |  Билјана Ќосеска  | 
petarda
петарда
За празнувањето да не премине во трагедија, одбегнувајте употреба на пиротехнички средства и огнено оружје. Оваа е новогодишната поораката на здружението на жени  „Езерка“ од Струга.
    
Во Струга се зголемува еуфоријата за највеселата ноќ во годината. Граѓаните забрзано ги привршуваат подготовките за вечерната прослава. Бутиците и  маркетите,  се преполни со луѓе, нагло се трошат пари за подготовките околу дочекот на Нова Година. Граѓаните веќе одлучија која-каде ќе слават вечерва. Од спроведената анкета повеќето од граѓаните рекоа дека ќе слават во домашен амбиент.

Иако повеќето се изјаснија така сепак има и такви кои ќе се веселат под отворено небо, поточно на плоштадите. Иако во Струга нема дочек на градскиот плоштад сепак тоа не значи дека нема да се користат пиротечнички средства или огнено оружје. Токму поради оваа причина, здружението на жени „Езерка“ од Струга со апел „Одбегнувајте го славењето со оружје и приротехника.

Struga„Кампањата ја почнавме од кај учениците но и родителите, бидејќи тие ако не купат петарди, децата нема ги користат. Имаме кампања и за забрана на користење на огнено оружје, посебно на плоштадите и руралните средини“- истакна Драгица Попоска, зж.Езерка-Струга.

Децата сакаат петарди, огномети и други светлосни ефекти и звуци, ои ги предизвикуваат пиротехничките средства, но не размислуваат за  последиците. Од експлозиите  може да се оштети слухот, да се  уништи физичкиот изглед, или пак да се наруши менталното здравје. Покрај овие препораки, од „Езерка“ упатија апел до сите млади луѓе контролирано да конзумираат алкохол. Не дозволувајте новогодишните празници да ви го уништат здравјето, порачаа жените од Струга.

 

 


{loadposition content9}