Skip to main content

Прв пат со закон се санкционира нечистењето снег

Годинава не очекува спроведување на низа нови законски прописи. Меѓу нив е задолжителното чистење на снег.

 |  Валентина Нелоска  | 
Ohrid
Охрид
Годинава не очекува спроведување на низа нови законски прописи. Меѓу нив е задолжителното чистење на снег.  


Од утрово во новата година паѓа и првиот снег. Граѓаните се обвразани да ги исчистат своите влезови и тротоари од снег, 6 часа по неговото паѓање. Тоа важи за  јавните установи, стопанските претпријатија и за дуќанџиите. Сопствениците на дуќаните во чаршијата, снегот ќе мора да го  исчистат до средината на коловозот.

StrazaНајпроблематично за инспекциските служби ќе биде справувањето со станарите од колективните станбени згради, затоа што законодавецот направил превид. Сепак станарите од зградите кои нема да го одржуваат просторот чист пред влезовите и јавните површини,  казните  ќе ги добиваат на домашна адреса бидејќи не функционираат  куќните совети, велат од општинскиот инспекторат.

Оние кои нема да го почитуваат Законот ќе плаќаат високи казни . Законодавецот предвидел граѓаните да  бидат казнувани  со парична глоба во висина од 500 до 1000 евра во денарска против вредност. Казните се повисоки за физичките лица и се движат  од 2000 до 3000 евра.

 

{loadposition content9}