Skip to main content

Редовен работен однос или над 650 деца од градинката ќе останат незгрижени

Доколку Министерството за труд и социјална политика под итно не го реши работниот статус на дваесеттина негувателки во градинката Јасна Ристеска, над 600 деца ќе останат незгрижени.

 |  Тања Кувенџиска  | 
Mitre Veljanoski
Митре Вељаноски

Доколку Министерството за труд и социјална политика под итно не го реши работниот статус на дваесеттина негувателки во градинката Јасна Ристеска, над 600 деца ќе останат незгрижени.

Министерството за труд и социјална политика под итно да го реши работниот статус на 20- тината негувателки во детската градинка Јасна Ристеска, апелираат од Локалната самоуправа. Во спротивно, повеќе од 600 деца наскоро ќе останат незгрижени.
Негувателките во градинката биле примени врз основ на т.н. старо финансирање. Сега доаѓаат на работа врз основ на склучени договори на дело.

„Апелираме до министерството под итно да го решат проблемот. Сега овие луѓе се плаќаат од наменската дотација за набавка на нафта“, објаснуваат од Локалната самоуправа.

gradinkaНадлежното министерство, кое преку својот инспекторат е должно да врши контрола врз законитоста на работните односи во земјава, повеќе од очигледно е дека во овој случај работи спротивно на законските прописи, потенцира Велјаноски. Ниту дава согласност за засновање на редовен работен однос на негувателките, ниту пак ги раскинува договорите на дело.

„Без тие дваесеттина негувателки не може нормално да се одвива згрижувањето на децата во градинката, потенцира Митре Велјаноски, од охридксата Локална самоуправа.

Се обидовме да стапиме во контакт со Министерството за труд и социјална политика. Поради празниците, ни беше кажано дека потребните информации ќе можеме да ги добиеме наредната недела.

 

{loadposition content9}