Skip to main content
Мај 20, 2024
Ден на пожарникарите

Охрид има една од најекспедитивните и најодговорни противпожарни единици

Денеска во охридската пожарна беше одбележан денот на пожарникарите, хероите на градот. Командирот на единицата, Борко Јанкуловски се заблагодари на своите колеги за нивната пожртвувана работа. Посочи дека во континуитет се вложуваат напори за опремување на единицата и за обновување на возниот парк со противпожарни возила. Неоходно е вработување на млади пожарникари и набавка на противпожарен пловен објект, кој за Охрид како туристички центар е од најголема итност, потенцира командирот.

Мај 20, 2024

Охриѓанецот проф. д-р Љупчо Кеверески се стекна со титулата Академик во Српската Академија за Образование

Академик е врвна титула за еден научен работник, и се доделува само на заслужни професионалци со добро искуство и импресивни резултати во нивната работа.

Мај 20, 2024
Екологија

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА ЕКОЛОШКАТА АКЦИЈА „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ ВО ОХРИД

Голема количина на ПЕТ амбалажа и мешан отпад беа собрани во рамки на еколошката акција „Генералка Викенд“ која се одржа во петокот на 17-ти мај 2024 година во Охрид.

Мај 17, 2024

Сѐ поголем е бројот на млади лица со висок крвен притисок во охридскиот регион

Охриѓани денеска покажаа голем интерес за бесплатните прегледи и совети од страна на докторите од Кардиолошката болница Св Стефан кои се одвиваа на градскиот кеј а по повод Светскиот ден на хипертензијата.

Мај 17, 2024
ТППЕ Охрид

ТППЕ-Охрид ќе го одбележи Денот на пожарникарите со дефиле низ градот

Почетокот на дефилето ќе биде во 11 часот. Пожарникарите упатуваат апел до граѓаните за разбирање.

Мај 17, 2024
УХМР

УХМР: Викендов преку ден топло, попладне дожд и грмежи

УХМР препорачува поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Мај 17, 2024
СВР Охрид

Приведени двајца српски државјани кои го нарушиле јавниот ред и мир во хотел во Охрид

Против нив е поднесена прекршочна пријава во согласност со одредбите од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Мај 17, 2024

Советот на општина Охрид ќе ја одржи 41-та седница во четврток, 23-ти мај

Советниците ќе ги разгледаат и извештаите за реализација во првиот квартал од годинава на годишните и развојните програми на локалната самоуправа како и извештајот за остварување на буџетот.

Мај 16, 2024

Ќе се подобрува квалитетот на живот на дијабетичарите во Охрид

Се реафирмира Здружението на дијабетичари, ќе се организираат бројни настани за едукација на оваа категорија граѓани.