Од утре генерален штрајк во образованието
СОНК потврди дека утре започнува договор со Владата за зголемување на платите за 18,4 отсто. Вработените во градинките, училиштата, но и студентските домови и високообразовни институции, кои се членови на синдикатот нема да ги згрижуваат децата и да држат воспитно образовен процес.
Никој нема право да ги присилува штрајкувачите да згрижуваат и да воспитуваат деца. За жал дејноста е таква каде што некој може поинаку да го протолкува ова, но реалноста е таа и тоа е процесот на штрајкување во овие дејности – истакна првиот човек на Синдикатот за образование наука и култура Јаким Неделков.
Неделков рече дека согласно одлуката за штрајкот освен наставата ќе бидат одложени и сите наставнички совети, родителски средби, полагање на државни испити и се што е поврзано со штрајкувачите во образовната дејност. Синдикатот се пожали и на притисоци врз вработените.
Во последниот период зачестија притисоците најмногу врз вработените во детските градинки. Се принудуваат сите да бидат на своите работни места и да функционираат и да работат како да нема штрајк. Имено одлуката на СОНК е донесена едногласно и таа е извршна без разлика дали некој поединечно гласал за односно против поддршка за штрајкот, одлуката едногласна и секој мора да штрајкува – додава Неделков.
Од СОНК порачаа дека секое оневозможување на штрајкот е казниво по закон.
Директорите да не си играат со штрајкувачите ќе бидат поднесени кривични пријави против нив за попречување на штрајк, за што е предвидено парична казна или казна затвор во рок од една година – рече адвокатката на СОНК, Верица Ристова.
Синдикатот апелира до Владата што побрзо да ги повика на преговори и да се изнајде заемно прифатливо решение, во спротивно велат целата одговорност ќе падне на Владата и ресорните министерства.