Викање и непристојно однесување
Нарушен јавниот ред и мир пред казино во Охрид
Од СВР Охрид информираат дека е нарушен јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување на двајца охриѓани пред казино на ул. Партизанска во Охрид.
На 09.04.2022 година околу 16 часот, во казино лоцирано на улицата „Партизанска” во Охрид, нарушен е јавниот ред со карање, викање и непристојно однесување од Р.К.(45) и С.Ѓ.(42), двајцата од Охрид.

Против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.


