Најголемите нафтени компании објавија пад на профитот
Нафтените компании Ројал Дач Шел(Royal Dutch Shell) и Ексон Мобил(Exxon Mobil) објавија голем пад на кварталниот профит со оглед на падот на цените на нафтата во средината на 2008. година.
| Крсте Голабовски | Свет
извор
Нафтените компании Ројал Дач Шел(Royal Dutch Shell) и Ексон Мобил(Exxon Mobil) објавија голем пад на кварталниот профит со оглед на падот на цените на нафтата во средината на 2008. година.
Добивката на Шел од април до јули паднала за 70 отсто, во споредба со минатата година, на 2,3 милијарди долари. Ексоновата добивка во истиот период паднала за 66 отсто, односно за 3,95 милијарди долари.
Глобалните цени на нафтата остварија рекорд од 147 долари за барел минатата година, пред да паднат поради глобалната рецесија. Во САД цената на барел моментно се спушти на околу 64 долари.
Шеловата квартална продажба вкупно изнесувала 63,9 милијарди долари, односно 51 отсто помалку од минатата година, додека на Ексон падна за 46 отсто, на 74,5 милијарди долари.

{loadposition content9}