Регулаторна комисија за енергетика
Ново поевтинување на горивата
Цената на дизел горивото од ноќеска на полноќ се намалува за два денари по литар, а бензините поевтинуваат за денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
| инфодеск | Македонија
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги одлучи да ги намали цените на горивата.
Малопродажните цени на бензините се намалуваат за 1 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот се намалува за 2 ден/лит. Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: 80,00 денари/литар ЕУРОСУПЕР БС 95, ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе се продава за 82 (денари/литар), а дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС за 80 (денари/литар). Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство не се менува.
Малопродажната цена на Мазутот се намалува за 1,127 ден/кг и сега ќе изнесува 51,535 ден/кг.