Втората сезона од Бриџертон стана хит во светот
Потрагата на Ентони Бриџертон по жена во втората сезона на „Bridgerton“ ја стави серијата на првото место на листата на Netflix на 10 најгледани серии на глобално ниво.
До изминатата недела, серијата има скоро 252 милиони часа гледање. Интересно е што првата сезона на серијата моментално е во Топ 10 во дури 89 земји во светот и моментално е втората најгледана серија на Netflix, со дури 53 милиони часа гледање во текот на изминатата недела.
Серијата е инспирирана од романите на Џулија Квин. Првата сезона ја следеше најстарата ќерка на семејството Бриџертон, Дафне и нејзините доживувања во Лондон.
Во 2020 година „Bridgerton“ во рекордно време стана најуспешната Netflix серија на сите времиња. Серијата ја следи лондонската елита во 19 век, а ја освои публиката ширум светот. Дури 82 милиони корисници ја погледанлe историската љубовна романса.
Иако е замисленa како историска приказна, серијата „Bridgerton“ носи аспекти на современа романса, воведувајќи врски од мешани раси и класи, невозвратена љубов, фатални врски и големи страсти – што досега се покажувало како рецепт за гарантиран успех.