Пријатели на ЈУНП Галичица
Во просториите на ЈУНП Галичица во периодот од 07-08.04.2022 година, се одржа третата по ред работилница од проектот „Пријатели на ЈУНП Галичица”. Проектот го спроведува Explorer MK во соработка со ЈУНП Галичица, а финансиски е подржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT и Critical Ecosystem Partnership Fund.
На оваа дводневна работилница, која е дел од проектот „Пријатели на ЈУНП Галичица” учество зедоа: туристички оператори од мал обем, невладини организации, претставници и локални даватели на услуги во авантуристичкиот туризам, претставници од ЈУНП Галичица и тренери/експерти од областа на туризмот.
Сите присутни имаа можност да се запознаат со вредностите во ЈУНП Галичица, нивниот план за управување, стратегиите за едукација и одржлив туризам, законот за туристичка дејност, а вториот ден го посветивме на пополнување на алатката за следење на ефективноста на управувањето со паркот (МЕТТ 4).
Од работилницата дел проектот „Пријатели на ЈУНП Галичица” произлегоа многу свежи идеи, но најбитен од се, е фактот дека НП Галичица има одговорни пријатели. Пријатели, кои покрај бенефитите од туризмот и екосистемските услуги, се спремни да следат светски практики кои важат за заштитените подрачја и развој на одржлив туризам.