Skip to main content

Туризам

АППТ: Заздравува секторот туризам

Според најновите статистики на Светската туристичка организација, заздравува секторот туризам во Република Северна Македонија.
АППТ заздравува секторот туризам

Одлични резултати за македонскиот туризам, според најновите статистики на Светската туристичка организација (UNWTO), РС Македонија за 2021 година забележала раст на меѓународни туристички пристигнувања од 139%. Сега сме петти во светот по раст на туристи за 2021 година.

Со ова земјава е на петто место во светот како дестинација со најголем раст на странски туристи, меѓу кои и Црна Гора, Кипар, Малдивите и Босна и Херцеговина.

Очекувањата и оваа година се оптимистички, целта е 2,5 милиони ноќевања со зголемен број на странски туристи за 20% до 30%. Заздравувањето на секторот туризам се одвива полека но сигурно, со фокус и акцент на одржливите форми на туризам.

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Др. Љупчо Јаневски смета дека воспоставувањето на авионска линија Белград- Охрид е многу значајно во текот на сезоната, од мај до октомври, а исто толку значајна е авионската линија Софија- Скопје која ќе почне да функционира од 27 март.

Тој ги повика сите туристички работници заеднички да работиме до целта од 2,5 милиони ноќевања и повеќе од 400 милиони долари во македонската економија од туристичко угостителскиот сектор.