Топлификација со нови цени
Согласно одлуката, извршено е и дополнително усогласување на ценовните соодноси станбен простор: основно образование: деловен простор во сооднос 1 : 1,3 : 1,7.
Потрошувачите на Топлификација АД-Скопје за квадратен метар станбен простор ќе треба да плаќаат по 32,48 денари за оние кои плаќаат на 12 месечни рати или пак по 64,96 денари за оние кои плаќаат на 6 месечни рати. Потрошувачите на Скопје Север АД-Скопје за истата намена ќе треба да плаќаат по 30,11 односно 60,22 денари, а потрошувачите на АД ЕЛЕМ – Подружница Енергетика – Скопје 28,88 односно 57,76 денари за метар квадратен.
Од РКЕ истакнуваат дека промената на цените на топлинската енергија за грејниот период октомври – декември 2009 година во најголем дел е последица на зголемувањето на набавните цени на мазутот М2, кој се користеше како единствено погонско гориво за производство на топлинска енергија во сите топлификациони системи.
Вкупната произведена количина на топлинска енергија на Топлификација АД – Скопје – Топлана Запад се предвидува да биде 70 отсто од природен гас и 30 отсто од мазут, додека во топланите Скопје Север АД – Скопје и АД ЕЛЕМ – Подружница Енергетика – Скопје 100 отсто од природен гас.
{loadposition content9}