Skip to main content

Македонија без визи за Албанците

Амбасадорот на Албанија во Скопје, Арбен Чејку, ги отфрли гласините дека од 1. јануари Македонија ќе воспостави визен режим за албанските граѓани.

Arben Cejku
Арбен Цејку
Амбасадорот на Албанија во Скопје, Арбен Чејку, ги отфрли гласините дека од 1. јануари Македонија ќе воспостави визен режим за албанските граѓани.

знаме„Ние имаме договор кој предвидува укинување на визите меѓу двете наши земји, кој не зависи од либерализацијата на визите што ја доби Македонија и која набргу ќе ја добие и Албанија“, изјави Чејку.

Албанскиот дипломат во Македонија, својата изјава ја даде по вчерашната средба со вицепремиерот одговорен за Рамковниот договор, Абдулаќим Адеми, каде прецизирал дека воспоставувањето на визите се врши само доколку Македонија стане членка со целосни права во ЕУ.




{loadposition content9}