Приведен првоосомничениот за убиството на Тот
Првоосомничениот за убиството на Тот е приведен и спроведен во Затвор Скопје за издржување мерка притвор.
А.Ѓ.(28) , првоосомничениот за кривичното дело убиство на Денис Тот ноќеска (13.04.2022) околу 02 часот е спроведен во КПУ Затвор Скопје за издржување на мерката притвор, одредена од надлежниот суд. Тој беше баран по потерница односно Наредба – XL КО. бр. 1211/22 од 12.04.2022 год. на ОЈО Скопје поради основано сомневање за сторено кривично дело „Убиство“ по чл. 123 од КЗ на РСМ.
По преземени интезнивни мерки и активности за негово пронаоѓање и приведување, лицето околу 01.20 часот се предало на полициски службеници од Оперативен тим Потраги на подрачје на нас. Аеродром.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера на прес конфереција упати сочувство кон семејството на починатиот ракометар Денис Тот.
Кажа дека ги отфрла сите шпекулации за наводно покривање на овој случај и застој во истрагата.
„Во ниту еден момент нема никаков застој во истрагата. Веднаш после добивање на информацијата која не е добиена од лице место за нарушување на јавен ред и мир за тепачка и.т.н туку е добиена од Клиничкиот центар во Скопје. Нашите екипи се излезени во клинички и започнува истажните дејствија. Во ниту еден момент немаме запирање се до моментот на целосно расчистување на случајот а тоа е со поднесување пријави“, вели Спасовски.
Хрватскиот ракометар Денис Тот денеска беше погребан во родното Ѓаково откако до смрт беше претепан во Скопје. Заедно со најблиските роднини и пријатели, од ракометарите се простија и голем број сограѓани.