Skip to main content

Медицина

Томограф и магнетна и за охридските болници

Томограф и Магнетна резонанца за Општата и Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.
 |  Голабовски Крсте  | 
Св. Еразмо

Томограф и магнетна резонанца за Општата и Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Министерот за здравство Беким Сали информираше дека станува збор за добиена донација преку програмата ИПА, дел од програмата за брзо справување со Ковид кризата.

Министерот за здравство Беким Сали денес во рамките на донацијата на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија во Скопје каде е отворен и оддел за компјутерска томографија, изјави дека и Општата и Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид ќе добијат томограф и магнетна резонанца.

„Дел од донацијата се 5 компјутерски томографи и 3 магнетни резонанци, што ќе бидат распоредени низ здравствени установи во неколку градови, томографите ќе се распоредени во општите болници во Куманово Прилеп Кичево и Охрид.А трите MRI ќе се распоредени во специјалната болница „Св. Еразмо“, во Струмица и да две се“ – рече Беким Сали – Министер за здравство.

Навремената дијагностика е многу важна, а со снабдување со современа опрема магнетна и томограф овозможуваме рана детекција и третман кај пациентите, истакна министерот Сали. Ова е тоа што недостасуваше на нашата клиника, особено со пост ковид компликациите вели директорот проф. д-р Дејан Докиќ.

„Во последниве пет годни клиниката забележа значителен развој со формирање и пуштање во употреба на лабораторијата за молекуларна дијагностика. Лабораторија за биохемиски анализи набавен е дигитаел рендген апарат. Она што недостасуваше беше компјутерска томографија. Во годината пред пандемија се остварени 22.198 амбулантски прегледи и 5.060 контроли. Над 27.200 посети кај околу 2.195 пациенти се ординира компјутерска томографија годишно“ посочи Докиќ.

Томографот и магнетната се добиена донација преку програмата ИПА, дел од програмата за брзо справување со Ковид кризата. Оваа донација е дел од проектот именуван како брз одговор за здравствени закани. Апаратот кој го доби клиниката за пулмологија има високо квалитетна рендгенска цевка што работи со ниска енергетска моќ. Се овозможува јонизирачкото зрачење на пациентите да се намали за 80%. Потоа брзо скенирање за околу 15 секунди и високо квалитетна слика. Тоа ќе овозможува дијагностика и на интерспецијалните болести што досега беа несостапни за дијагноза, потенцира проф. д-р Докиќ. Резултатите ќе се добиваат многу брзо, веќе следниот ден, а не како сега кога резултати се добиваат за пет работни дена.