Свр охрид
Охриѓанец со возило избегнал сообраќаен пункт
Приведен охриѓанец кој со возило избегнал сообраќаен пункт. Од СВР информираат дека против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.04.2022 година во 18:15 часот, во СВР Охрид приведен е С.К. (22) од Охрид.
Тој претходно на улицата „Егејска” во Охрид, со патничко возило „Корса” во кое бил и С.К. (24) од Охрид, го избегнал сообраќајниот пункт на кој полициски службеници преземале мерки во сообраќајот – информираат од СВР Охрид.
По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.


